среда, 15. јули 2020. Вести денес: 252
ИЗБОРИ 2020

ДИК СО НОВИ БРОЈКИ: Еве колкава е излезеноста до 19 часот во Македонија

home Вести

„Алиталија“ откажа над 300 летови поради штрајк

„Алиталија“ откажа над 300 летови поради штрајк

Италијанската авиокомпанија „Алиталија” откажа повеќе од 300 летови поради штрајк на пилотите и стјуардесите, соопшти авиопревозникот.

– Поради 24-часовниот штрајк што го објавија некои италијански синдикати на вработените од тој сектор, што се одржува на 21 мај, „Алиталија” е принудена да откаже половина од летовите за овој датум, се прецизира во коминикето.

Над 300 летови – главно домашни и меѓународни, се откажани, а некои од нив биле во распоредот за синоќа, а други се предвидени за утре рано изутрина. Во исто време штрајкуваат и вработени во неколку аеродроми во Италија.