среда, 27. октомври 2021. Вести денес: 123
home Вести

Алијев тврди дека азербејџанските сили го освоија градот Шуши, Ереван демантира

Алијев тврди дека азербејџанските сили го освоија градот Шуши, Ереван демантира

Претседателот на Азербејџан, Илхам Алијев денеска изјави дека азербејџанската армија го освои вториот најголем град во Нагорно-Карабах, Шуши.

Ереван демантира дека Шуши е заземен од азербејџанските сили.

Шушаи е град под контрола на Ерменците и е од големо значење за двете страни, бидејќи е лоциран на 15 километри од најголемиот град во Нагорно-Карабах, Стеанакерт.

Во судирите во Нагорно-Карабах што почнаа на 27 септември помеѓу ерменските и азербејџанските сили загинаа најмалку илјада луѓе. Досега се прогласени три примирја, на 10, на 17 и на 26 октомври, но сите се неуспешни и продолжуваат судирите. (МИА)

Локални избори 2021