вторник, 11. август 2020. Вести денес: 141
home Вести

Алармантно: Ракот однел 9,6 милиони животи оваа година

Секој петти и секоја шеста жена во светот, заболува од рак, предупредува Светската здравствена организација.
Алармантно: Ракот однел 9,6 милиони животи оваа година

Светската здравствена организација (СЗО) предупредува дека секој петти маж и секоја шеста жена во светот заболуваат од рак, а дека секој осми маж и 11-та жена умираат од оваа болест.

Во светот во текот на оваа година забележани се 9,6 милиони смртни случаи.

Нови случаи на рак во светот достигнуваат оваа година 17 милиони заболени, додека во 2012 година регистрирани се четири милиони.

Околу половина од новите случаи и повеќе од половина од вкупниот број на смртни случаи во светот во 2018 година, регистрирани се во Азија, поголем дел во Кина.

Пет години по дијагностицирање на лошата болест и натаму живеат 43,8 милиони пациенти, наведуваат експертите.

Ракот на белите дробови е меѓу водечките најчесто дијагностицирани заболувања кај мажите и е главен причинител за смртта (20 проценти од случаите), пренесуваат медиумите.

СЗО наведува дека загрижувачки се податоците за зголемувањето на случаите на рак на белите дробови кај жените, кои сега претставува главна причина за смрт од карцинот кај жените во 28 земји.

Во Северна Америка, северна и западна Европа, особено во Данска и Холандија, Кина, Австралија и Нов Зеланд забележани се најголем број на нови случаи кај жените, а Унгарија води на оваа негативна статистика.

Ракот на дојка е главен причинител за смрт меѓу сите видови на оваа болест кај жените – 627.000 смртни случаи.

Тој претставува и околу чествртина од новите слуаи на рак дијагностицирани кај жените во светот. Меѓу новите случаи следува ракот на дебелото црево во развиените земји и ракот на грлото на матката во земјите во развој.

Зголемувањето на бројот на заболени од рак е предизвикано со демографскиот раст, стареењето и растот на опасните фактори како пушењето, дебелината, неактивноста и нерамнотежата во исхраната.

Во земјите со брз економски раст, ракот е повран со сиромаштијата и заразите и најчесто се открива на црниот дроб, желудникот, грлото на матката.

Помеѓу третина и петтина од новите заболени случаи би можеле да се избегнат со елиминирање или намалување на изложеност на гореспоменатите фактори на опасност.

Расте и бројот на заболени луѓе во Европа, додека смртноста од оваа болест опаѓа, наведува СЗО.

Според мапата на СЗО, која опфаќа 53 земји од Португалија до Русија преку Киргистан, во европскиот дел во 2014 година од карцином заболеле 2,4 проценти од жителите, што е за половина повеќе отколку во 2000 година.

Во Шведска, Норвешка, Финска, Данска и Исланд распространетоста на болеста е два пати поголема, додека е намалена во Заедницата на независни држави, која вклучува 10 земји меѓу кои Белорусија, Грузија и Русија.

Стапката на заболени во Европската Унија во 2013 година изнесувала 2,8 проценти, при што заболувале повеќе жени отколку мажи.

Бројот на случаи на карцином на дојка е во пораст за 30 проценти од 2000 година.

Коронавирус