четврток, 29. октомври 2020. Вести денес: 0
home Вести

Алармантно предупредување на НАСА: На Земјата и се закануваат 950 астероиди, има само еден начин да се избегне катастрофа

Алармантно предупредување на НАСА: На Земјата и се закануваат 950 астероиди, има само еден начин да се избегне катастрофа

Американската вселенска агенција НАСА предупредува дека на Земјата и се закануваат 950 астероиди кои потенцијално може да предизвикаат катастрофа во случај на удар.

Алармантното предупредување го изнесе Линдли Џонсон, офицер на НАСА задолжен за планетарна безбедност.

Тој истакнал дека на астероидите кои претставуваат опасност може да се влијае тие да го променат движењето „ако се делува на време“.

Во круг од околу 50.000 километри околу Земјата се наоѓаат над 10.000 астероиди кои се со големина на фудбалски терен. Дури 950 од нив се толку многу големи што може да предизвикаат глобална катастрофа.

Џонсон објаснува дека атероидите и предметите со должина од 140 метри и повеќе може да доведат до катастрофа.

-Доколку тие удари се случат во градови, тоа би била катастрофа каква што не можеме ни да замислиме. Пред 30 години беа само неколку астероиди кои се сметаа за опасни. Тоа е затоа што никој не погледнал што се’ има таму. Се што треба да направиме е да ја промениме брзината на астероидот за само еден процент. Ако го направиме тоа пред самиот удар, астероидот ќе ја промени својата орбита и нема да биде закана, додава Џонсон.

Коронавирус