среда, 21. октомври 2020. Вести денес: 0
home Вести

Ако дојде до Брегзит без договор Ербас ќе ја напушти Велика Британија

Ако дојде до Брегзит без договор Ербас ќе ја напушти Велика Британија

Европскиот произведувач тврди дека ако излегувањето на Велика Британија од Европската унија се случи без договор, оваа компанија ќе размислува за повлекување од оваа земја.

Ербас предупреди дека ќе ја напушти Велика Британија, ако оваа земја го напушти заедничкиот пазар на Европската унија и и царинската унија без договор за транзиција.

Оваа компанија тврди дека ова предупредување не е дел од проектот на застражување, туку вистинска реалност.

Ербас вработува 14 илјади луѓе на 25 локации во Велика Британија.

Минатата недела, претседателот на Конфедерацијата на британската индустрија изјави дека некои делов од британската индустрија ќе бидат згаснати, ако оваа земја излезе од царинската унија.

Сите 28 членови на ЕУ уживаат во бесцаринска зона и имаат заеднички царини на увоз на производи надвор од Унијата.

Премиерката Тереза Меј ја отфрли можноста дека Велика Британија ќе остане во царинската унија. Велика Британија ќе ја напушти ЕУ на 29. март 2019 година.

Коронавирус