вторник, 25. февруари 2020. Вести денес: 25
home Вести

Акцијата за извлекување на децата од пештерата во Тајланд прекината за денеска

Акцијата за извлекување на децата од пештерата во Тајланд прекината за денеска
epa06874660 A handout photo made available by the Chiang Rai Public Relations Office shows Thai military medical personnel walking inside a restricted area as preparations are made to transport rescued boys from Tham Luang cave to a hospital, in Khun Nam Nang Non Forest Park, Chiang Rai province, Thailand, 08 July 2018 (issued 09 July 2018). According to reports, four boys were rescued on 08 July 2018. Rescue operations continue for the remaining members of a youth soccer team, including their assistant coach, who have been trapped in Tham Luang cave since 23 June 2018. EPA-EFE/CHIANG RAI PR OFFICE / HANDOUT HANDOUT HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

Акцијата на спасувачките екипи за извлекување на децата и нивниот тренер, кои повеќе од две недели се заглавени во една поплавена пештера во Тајланд, е завршена за денеска и таа ќе продолжи утре, јавува Си-Ен-Ен.

Во текот на вчерашниот и денешниот ден спасувачите успеаја да извлечат вкупно осум деца, па сега во пештерата во провинцијата Чианг Рај на северот на Тајланд останаа уште четири момчиња и тренерот.

Спасувачите влегуваат во пештерата со боци со кислород и маски за децата, кои потоа ги извлекуваат со помош на јаже кое минува низ кривулестите и тесни канали во вупна должина од околу четири километри.

Спасувачката акција е комплицирана и затоа што дел од децата се непливачи и мораа да бидат обучувани од страна на нуркачите пред да се направи обидот за нивно спасување.

Четирите деца кои беа извлечени вчера од пештерата се опоравуваат в болница, каде им се придружија и четворицата нивни другари спасени денеска.

Еден од членовите на семејствата на момчињата за Си-Ен-Ен изјави дека родителите засега не знаат кои деца се спасени од пештерата, а кои се уште се наоѓаат во неа.

Кризниот центар кој раководи со спасувачката операција информира дека нема да ги соопшти имињата на извлечените деца, „од почит кон семејствата на момчињата кои се уште се наоѓаат во пештерата“.

Децата, на возраст од 11 до 16 години, кои беа сместени во еден фудбалски камп, и нивниот тренер заминале на разгледување на пештерата на 23 јуни, меѓутоа обилните монсунски дождови предизвикаа поплавување на пештерата и тие останаа заглавени во неа.

Во операцијата за извлекување на децата учествуваат 90 нуркачи, од кои 40 Тајланѓани и 40 странци. За подготовка на секоја следна етапа од спасувачката операција се потребни по околу 10 часа.

МИА