недела, 28. ноември 2021. Вести денес: 0
home Вести

Акција за отстранување на мрежи на лажни профили на Фејсбук

Акција за отстранување на мрежи на лажни профили на Фејсбук

Фејсбук отстрани мрежи на лажни профили преку кои се ширеле дезинформации и лажни вести од Иран, Русија и САД, пренесува Би-Би-Си.

Поради кршење на правилата на Фејсбук за забрана на координирано неавтентично однесување, Фејсбук ги затвори профилите на една американска мрежа која ширела лажни вести за „теорија на заговор и длабока држава со која управува претседателот Трамп“.

Мрежата прво ги негирала заканите и загриженоста за епидемијата на коронавирус, а потоа го сменила наративот и почнала да промовира надрилекарство и теорија на заговор дека 5Г мрежата и глобалната елита се „заслужни“ за коронавирусот.

Укината е и иранска мрежа со која раководел државниот информативен сервис, поради критики на сметка на САД и Израел и нивниот однос кон пандемијата.

Руската мрежа на корисници, која според компанијата Фејсбук ја создале руските државни медиуми на Крим, промовирала ставови и теории на заговор за потеклото на коронавирусот.

Коронавирус