понеделник, 26. октомври 2020. Вести денес: 86
home Вести

Акција каква никој не памети: Уапсени над 700 лица, полицијата шокирана од количината на заплената

Акција каква никој не памети: Уапсени над 700 лица, полицијата шокирана од количината на заплената

Британската полиција уапси повеќе од 700 осомничени, заплени 54 милиони фунти и неколку тони дрога во најголема и најзначајна операција против организираниот криминал во Велика Британија.

Официјални претставници изјавија дека меѓу уапсените имало луѓе кои сметале дека се „недопирливи” затоа што со децении избегнувале правда.

Во операцијата се запленети 77 парчиња огнено оружје и гранати, 1.800 парчиња муниција, повеќе од два тона дрога од класа А и Б и 28 милиони таблети „уличен валиум” од нелегална лабораторија, пренесува „Индипендент”. Конфискувани се и 55 автомобили и 73 луксузни часовници.

Криминални групи на високо ниво, вклучително и оние кои увезувале оружје, дрога и шверцувале луѓе во Велика Британија, биле цел во серија рации, бидејќи полициските агенции пристапиле до тајната комуникациска мрежа.

Осомничените ја користеле мрежата ЕнкроЧет за мобилни телефони дизајнирани да бидат заштитени од прислушувањето на полицијата. Но, во април меѓународните експерти беа во можност да ги дешифрираат пораките и почнаа да собираат податоци. Стотици вработени работеа на анализа на податоци и идентификација на корисниците на „ЕнкроЧет”, разгледувајќи милиони пораки и стотици илјади слики.

-Ова е најзначајната и најголемата операција од ваков вид во Велика Британија, изјави портпаролот на Националната агенција за борба со криминал.

Коронавирус