петок, 14. август 2020. Вести денес: 30
home Вести

АИ: Во протестите во Иран загинале над 100 луѓе

АИ: Во протестите во Иран загинале над 100 луѓе

Најмалку 106 луѓе загинале во Иран од почетокот на протестите што почнаа поради зголемување на цената на горивата во државата. Тоа го соопшти невладината Амнести интернешнал по податоци од 21 град во Иран.

Според нив, бројот на жртвите може да биде многу поголем.

– Можно е во протестите бројот на жртви да е над 200, се нагласува во соопштение на организацијата.

Иранските власти во саботата ги прекинаа комуникациските врски и интернетот со цел да ги спречат демонстрантите да споделуваат информации и видео снимки на социјалните мрежи.

Иранските власти на 15 ноември најавија зголемување на цената на горивото за најмалку 50 проценти. Горивото во Иран досега чинеше 10.000 риали (0.06 американски долари), а сега чини 14.000 риали (0.12 долари).

Иранскиот претседател Хасан Рохани вчера предупреди дека против оние кои ќе ги остават автомобилите на улиците во знак на протест заради зголемените цени на горивата ќе бидат отворени правни постапки.

 

Коронавирус