понеделник, 30. ноември 2020. Вести денес: 146
Во живо

Обраќање на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на нацијата

home Вести

АИ: „Договорот на векот“ му противречи на меѓународното право

АИ: „Договорот на векот“ му противречи на меѓународното право

Пакетот предлози на американскиот претседател Доналд Трамп за надминување на палестинско-израелскиот конфликт, познат како „договор на векот“, му противречи на меѓународното право. Освен тоа, тој ја бетонира положбата на Палестинците, при што тие се лишени од своите основни права, соопштија од организацијата за правата на човекот „Амнести интернешенел“ (АИ).

„Независно од тоа што администрацијата на Трамп во својот план го подвлекува принципот на размена на земја, нема сомнение дека предлагот претставува натамошна анексија на палестинските територии, што би било грубо прекршување на меѓународното хуманитарно право. За време на полувековната окупација Израел го воведе системот на озаконета дискриминација на Палестинците, одбивајќи да ги почитува нивните основни права и достап до ефикасни средства на правна заштита при нивното прекршување”, се наведува во соопштението организацијата.

Според АИ, прифаќањето на договорот ќе значи зацврстување на оваа „груба незаконска политика”.

„Амнести интернешенел“ ја повика меѓународната заедница да го отфрли „договорот на векот“ на Доналд Трамп, бидејќи му „противречи на меѓународното право”.

Коронавирус