среда, 25. ноември 2020. Вести денес: 36
home Вести

Африкански министер сака да ја забрани оваа секс поза: За мажите е пренапорна, доведува до срцев удар

Африкански министер сака да ја забрани оваа секс поза: За мажите е пренапорна, доведува до срцев удар

Министерот за здравство на Јужна Африка, Ејрон Метсоаледи, изјави дека смета дека познатата секс поза „доги“ доведува до срцев удар или шлог.

Тој наведе дека резултатите од неговото истражување, кое го правел три години, покажуваат дека позата во која мажот во текот на односот клечи или стои, доведува до силно испумпување на крв. Проблемот е што тогаш таа крв ги задушува вените во нозете што може да доведе до шлогирање.

За еден магазин Метсоаледи изјави дека најчести причини за рак се стрес, мачнина и замор, а кај срцевиот удар често е оваа поза во сексот.

-Доги е најнапорна и најстресна поза за мажите, па јасно се гледа врската. Давам само еден детаљ од истражувањето кое ќе биде објавено на сајтот на министерството, кажа тој.

Метсоаледи кажа и дека размислува да апелира до министерот за внатрешни работи да направи закон со кој оваа поза ќе биде забранета.

Министерот смета дека оваа поза може да се практикува за некои празници, како што е Денот на вљубените, но ако се прави секој ден може да биде многу опасна.

-Тоа е причина поради кои оженетите мажи во Јужна Африка умираат и ги оставаат своите жени, заклучува министерот за здравство на Јужна Африка.

Коронавирус