понеделник, 24. јануари 2022. Вести денес: 68
home Вести

Африканска Унија го суспендира членството на Мали

Африканска Унија го суспендира членството на Мали

Африканската Унија (АУ) денеска го суспендира членството на Мали во организацијата како одговор на вчерашниот воен удар и соборениот претседател Ибрахим Бубакара Кејта.

– Суспензијата ќе трае се додека во Мали се воспостави уставен поредок, се наведува во соопштението на АУ.

Африканската Унија побара и ослободување на Кејта и другите владини претставници.

Припадници на армијата на Мали вчера со воен удар го принудија Кејта да поднесе оставка. (MИА)

Коронавирус