понеделник, 25. јануари 2021. Вести денес: 87
home Вести

Аеродромот „Шипхол“ се подготвува за чување во ладилници и дистрибуција на вакцините против Ковид-19

Аеродромот „Шипхол“ се подготвува за чување во ладилници и дистрибуција на вакцините против Ковид-19

Во ладилниците на аеродромот „Шипхол“ во Амстердам, работниците од авиокомпанијата „КЛМ“ се подготвуваат да ги примат вакцините против коронавирус, што мора да се чуваат на многу ниски температури и на тој начин да се дистрибуираат низ целиот свет.

Преку овој аеродром веќе беа дистриубирани вакцините против Ковид-19 што беа во фаза на клинички испитувања, а управата на аеродромот вели дека се подготвени за транспорт и на вакцините.

-Подготвени сме, сега е најважно вакцините да се дистрибуираат со најбрзо можно темпо, изјави извршниот директор на „КЛМ“, Питер Елберс, пренесуваат британските медиуми.

Како што досега е познато, вакцините произведени од компанијата „Фајзер“ мора да се чуваат на температура од минус 70 степени, додека вакцините на компанијата „Модерна“ треба да се чуваат на температура од минус 20 степени.

Коронавирус