среда, 23. септември 2020. Вести денес: 116
home Вести

Аеродромот „Хитроу“ отворен за сообраќај

Аеродромот „Хитроу“ отворен за сообраќај

Полетувањата на авиони од аеродромот „Хитроу“ во Лондон од синоќа се обновени откако претходно беа прекинати, бидејќи во близина бил забележан дрон.

Летовите беа обновени 90 минути откако лондонската полиција примила извештај дека во близина на аеродромот е забележан дрон.

Врз основа на стандардните процедури и во соработка со контролата на воздушниот сообраќај и полицијата, ги обновиме летовите од аеродромот „Хитроу“ по краток прекин, се наведува во соопштението на лондонскиот аеродром.

Се напоменува дека, полицијата не потврдила дека дрон летал во близина на најголемиот европски аеродром.

Лондонскиот аеродром „Гетвик“ во декември беше затворен поради дронови кои летаа над пистата. Тогаш, во периодот на празници, десетина илјади патници беа „заглавени“ на аеродромот.

МИА

Коронавирус