сабота, 23. јануари 2021. Вести денес: 0
home Вести

Адвокатот на Трамп вели дека иранската Влада ќе биде соборена

Адвокатот на Трамп вели дека иранската Влада ќе биде соборена

Личниот адвокат на претседателот на САД Доналд Трамп, Руди Џулијани (поранешниот градоначалник на Њујорк) изјави дека американските санкции против Иран водат до економски штети, што може да доведе до „успешна револуција”. Оваа изјава се разликува од изјавите на владата во Вашингтон дека смената на власта во Техеран не е американска политика.

– Не знам кога ќе ги собориме, рече Џулијани, кој зборуваше во лично својство на настан на Организацијата на иранско-американските заедници, која е против власта во Техеран.

– Може да се случи за неколку дена, месеци, неколку години. Но ќе се случи, рече Џулијани пред публика во хотел на „Тајмс сквер”.

Коронавирус