сабота, 16. јануари 2021. Вести денес: 15
home Вести

Адвокатката на Навални на распит во Русија, и се заканува затвор

Руските власти отворија истрага против адвокатката на Алексеј Навални под обвинение за нарушување на имотот, се вели денеска во официјалното соопштение.
Адвокатката на Навални на распит во Русија, и се заканува затвор

Навални претходно денес изјави дека Љубов Собол, истакнат руски опозициски политичар била приведена откако полицијата извршила претрес во нејзиниот дом во Москва.

Собол е адвокатка во тимот на Навални која се обидува да открие корупција во редовите на високите руски функционери. Нејзините видеа на каналот ЈуТјуб ги гледаат илјадници гледачи. Би-Би-Си ја прогласи за една од 100-те највлијателни жени во светот минатата година.

Во изјавата на главната руска истражна агенција се вели дека Собол е обвинета за насилно провалување во семејната куќа во Москва претходно оваа недела.

Соработниците на Навални тврдат дека Собол сакала да разговара со личност која Навални ја обвинува за обид за труење со нервен отров и дека државата стои зад платениот тим убијци.

Собол само заѕвонила, рече Навални, додека Истражниот комитет тврди дека „Собол, откако се отворила вратата, го турнала сопственикот на куќата настрана и насилно влегла во станот“.

Собол се соочува со обвинение што може да ја испрати во затвор до две години.

„Кога ќе ѕвонете на вратата на убиецот, тогаш тие ќе ја скршат вратата и ќе ве одведат на испрашување“, напиша Навални на својата веб-страница. Тој цврсто верува дека Агенцијата за национална безбедност (ФСБ) учествувала во обидот да го ликвидира пред пет месеци.

Собол (33) се обидела да се кандидира за градскиот совет во Москва, но не и беше дозволено, што предизвикало масовни протести.

Навални (44) одеднаш се разболе сериозно на 20 август во лет од сибирскиот град Томск кон Москва. Откако поминал два дена во болницата во Омск, Сибир, тој беше итно евакуиран во Берлин.

Лабораториите во Германија, Франција и Шведска потврдија дека тој бил отруен од новичок, нервен отров развиен во поранешниот Советски Сојуз.

Русија ги негира обвинувањата.

Коронавирус