понеделник, 20. јануари 2020. Вести денес: 0
home Вести

Абе со најдолг премиерски стаж во Јапонија

Абе со најдолг премиерски стаж во Јапонија

Јапонскиот премиер Шинѕо Абе е политички лидер со најдолг стаж во Јапонија. Тој е на власт точно 2.887 дена (речиси осум години).

Абе првпат во 2006 година ја презеде премиерската функција, тој тогаш имаше 52 години и стана најмладиот премиер на Јапонија. Првиот мандат на Абе траеше само една година, но повторно се врати на власт во 2012 година. Сегашниот мандат на Абе истекува во 2021 година.

Досега Таро Кацуру беше јапонски премиер со најдолг стаж. Неговиот првиот мандат бил од 1901 до 1906 година, вториот од 1908 до 1911 година и третиот од 1912 до 1913 година.

Според резултатите од неодамнешни анкети Либерално-демократската партија на Абе има поддршка од 36,8 проценти, додека за најголемата опозициска Уставна демократска партија се изјасниле само 6,3 отсто од испитаниците. Според тоа, Абе најверојатно ќе победи и на следните парламентарни избори во Јапонија, што се закажани следната година.