сабота, 26. септември 2020. Вести денес: 64
home Вести

Абас: Усвојување на резолуцијата за Ерусалим во ОН е победа за Палестина

Абас: Усвојување на резолуцијата за Ерусалим во ОН е победа за Палестина

Портпаролот на палестинскиот претседател Махмуд Абас го поздрави денешното гласање во ОН на резолуцијата со која се повикува САД да ја повлечат одлуката за признавање на Ерусалим за главен град на Израел.

– Гласањето е победа за Палестина, изјави претседателскиот портпарол Набил Абу Рудејна.

– Ќе продолжиме со напорите во ОН и на сите меѓународни форуми за ставање крај на оваа окупација и создавање на наша палестинска држава со престолнина Источен Ерусалим, додаде тој.

Генералното собрание на ОН денеска, на вонредна седница, со 128 гласови „за“, девет „против“ и 35 „воздржани“, усвои Резолуција со која се бара САД да го повлечат признавањето на Ерусалим како главен град на Израел.

Како што јави МИА, претходно американската амбасадорка во ОН, Ники Хејли, се закани дека САД „ќе го запамети денот кога биле нападнати во Генералното собрание на ОН само затоа што го оствариле своето право како суверена земја“, нагласувајќи дека никакво гласање во ОН нема да ја промени американската одлука за Ерусалим.

Таа, им посочи на сите 193 земји-членки во ОН, дека САД ќе се пресмета финансиски доколку Генералното собрание ја усвои резолуцијата со која одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп за признавање на Ерусалим како главен град на Израел се прогласи како „неважечка“.

– Денешното гласање ќе влијае на начинот на кој Американците гледаат на ОН и на земјите кои не ги почитуваат САД и ОН, заклучи Хејли.

Коронавирус