четврток, 17. јуни 2021. Вести денес: 27
home Вести

Аанализа за вакцината на Фајзер: Нема починати, само 4 тешки случаи на 523.000 имунизирани

Аанализа за вакцината на Фајзер: Нема починати, само 4 тешки случаи на 523.000 имунизирани

Израелска команија за здравствени услуги која вакцинираше половина милион луѓе со две дози вакцина на Фајзер/БиоНТех соопшти дека само 544 лица (0,1 отсто) биле дијагностицирани со коронавирус, имале четири тешки случаи и немало смртни случаи во Израел, објави Тајмс оф Израел.

Тоа значи дека вакцината е ефикасна 93 отсто, соопштија од здравствените услуги на „Макаби“, откако ги споредиле имунизираните со „разновидна“ контролна група на невакцинирани лица.

Вакцината се смета дека обезбедува целосна заштита една недела по втората доза. Податоците на Макаби ги опфаќаат сите оние кои ја примиле втората доза пред седум или повеќе дена.

Досега, податоците покажуваат дека ефикасноста на вакцината во реалниот свет е близу до онаа во клиничките испитувања (95 отсто).

ЕУРО 2020

Македонија