недела, 29. ноември 2020. Вести денес: 0
home Вести

36 германски политичари под полициска заштита

36 германски политичари под полициска заштита

Во Германија во моментов 36 политичари се наоѓаат под заштита на Сојузното биро за борба против криминалот (БКА), соопштено е во Бундестагот, пренесе Хина.

„Од 36 политичари кои се наоѓаат под заштита, десет имаат постојана придружба. Кај останатите заштитата се засилува во зависност од ситуацијата“, се наведува во одговорот на Министерството за внатрешни работи на прашањето на Пратеничкиот клуб на Либерално-демократската партија на Германија (ФДП).

-Од одговорот на министерствто произлегува дека иако е во опаѓање бројот на политичари на кои им е потребна заштита, зачестените напади врз политичари во последно време не даваат причина за опуштање, изјави Бенјамин Страшер, внатрешнополитички портпарол на Пратеничкиот клуб на ФДП.

Меѓу политичарите кои се цел на напади на радикално десничарските сторители е и социјалдемократскиот пратеник Карамба Диабу. Канцеларијата на овој политичар од африканско потекло во Хале само годинава е нападната неколку пати и тоа со огнено оружје.

Минатата година во јуни во непосредна близина на Касел беше убиен демохристијанскиот политичар Валтер Лубке заради својата поддршка за бегалците, а осомничениот за убиството е познат припадник на екстремно десничарската политичка сцена.

Коронавирус