вторник, 28. септември 2021. Вести денес: 174
home Вести

36 часа чекале помош на отворено море: Се стравува дека починале 32 возрасни лица и 2 деца

36 часа чекале помош на отворено море: Се стравува дека починале 32 возрасни лица и 2 деца

Се стравува дека 32 возрасни лица и две деца починале, откако 36 часа чекале помош во брод со мигранти што тонел во близина на брегот на Мароко, соопшти денеска шпанската невладина организаицја Вокинг Бордерс.

Основачката на Вокинг Бордерс, Хелена Малено соопшти дека спасувачите евакуирале 26 лица од бродот и ги пренеле во мароканскиот град Надор, додека уште 34 мигранти се водат како исчезнати и најверојатно настрадале во водите на Средозменото Море.

Малено информира дека мигрантите во неделата рано изутрина испратиле сигнал за помош од бродот, по што нејзината организација ги алармирала шпанските власти.

Шпанската Агенција за поморска безбедност, од своја страна, соопшти дека за случајот ги известила мароканскјите власти, имајќи предвид дека бродот се наоѓал во подрачје под јурисдикција на Мароко.

Според Малено, спасувачите пристигнале до бродот во понеделникот во доцните попладневно часови, околу 36 часа по добиениот сигнал за помош.

Коронавирус