четврток, 29. октомври 2020. Вести денес: 166
home Вести

324 починати за само еден ден во Шпанија од Ковид-19

324 починати за само еден ден во Шпанија од Ковид-19

Шпанија денеска забележа рекордно висок број на починати од корона вирусот во еден ден. 324 лица починаа а пријавени се и дополнителни 3.355 новозаболени со кои земјата го надмина Иран, кој после Кина и Италија беше третата најпогодена држава. До сега Шпанија има речиси 25.000 заболени од кои 1.326 починаа, но загрижува фактот што бројките на новозаболени и починати растат брзо. Италија која има безмалку двојно повеќе заболени, 47.000, вчера ја помина Кина во бројот на починати и земјата сега има над 4.000 смртни случаи од Ковид-19.

Реалноста во која живееме тука, а тоа нешто кое за жал ни е заедничко на сите, е дека секој од нас има пријател, или роднина, или познаник, или колега кој во моментов е болен, вели градоначаникот на Бергамо Џорџио Гори.

Со 966 нови случаи Иран надминува 20.600 заболени а бројот на починати според денешните податоци се зголеми на 1.556 лица.

Во текот на послендите 24 часа имаме 123 счуаи на смрт од болеста Ковид-19 низ целата држава. Додавајќи ги овие 123 драги луѓе кои повеќе не се меѓу нас, имаме 1556 лица кои ги загубија животите до денеска како резултат на Ковид-19, соопшти иранскиот министер за здравство Киануш Џаханпур.

Германија е веднаш за Иран со само 29 помалку заболени. За разлика од другите најпогодени држави, бројот на починати во Германија е даелку помал. Од вкупно 20.581 заболен починати се само 72 лица. Тоа не е случај со САД и Франција. Во САД има 276 смртни случаи на 19.700 заболени а во Франција дури 450 на 12.600 заболени.

На Балканот државите продолжуваат со се поригорозни мерки. По забележувањето на првата жртва вчера од 149 потврдени случаи, Србија од денеска го укина јавниот превоз а ги затвара и трговските центри.

Јавниот транспорт ќе биде запрен во цела Република Србија. Значи го суспендираме јавниот градски превоз на неопределено. Од недела во 20 часот ги затвараме рестораните, кафулињата и трговските центри, соопшти српската премиерка Ана Брнабиќ.

Грција и натаму е најпогодена во регионот, има вкупно 495 потврдени случаи од кои 10 лица починаа. Потоа следува Словенија со 341 заболен и еден починат. Хрватска има 168 заболени, Бугарија има 142, Босна 90 и Албанија 76.

На глобално ниво бројот на заболени надминува 285.000, од кои речиси 12.000 починаа.

Коронавирус