понеделник, 25. октомври 2021. Вести денес: 167
home Вести

24 лица се уште се водат како исчезнати при свлечиште во Јапонија

24 лица се уште се водат како исчезнати при свлечиште во Јапонија

Властите во крајбрежниот град Атами во централниот дел на Јапонија се уште немаат информации за 24 лица, три дена откако во областа се случи лизгање на земјиштето.

Градоначалникот Сакае Саито денеска изјави дека десетици луѓе се јавиле да потврдат дека се живи, бидејќи општината објави список со 64 жители на Атама, за кои се сомнева дека исчезнале при лизгање на земјиште.

– Се јавија многу луѓе, но за 24 лица се уште не се знае ништо, изјави Саито.

При лизгање на земјиштето загинаа четири лица, а 1.100 членови на спасувачките екипи и денеска продолжија со потрага по исчезнати. Се проценува дека се оштетени околу 130 куќи и згради.

Атами се наоѓа на околу 90 километри југозападно од Токио, а беше погоден од невреме проследено со поројни врнежи од дожд.

Локални избори 2021