четврток, 21. октомври 2021. Вести денес: 186
home Вести

2020 година убедливо најтоплата европска година во историјата

2020 година убедливо најтоплата европска година во историјата
ФОТО: Reuters

Најтопла година во Европа беше 2020 година – покажа извештајот на Американското метеоролошко друштво.

Извештајот исто така покажа дека 2020 година е една од трите најтопли години на глобално ниво. Британскиот метеоролошки институт (Мет), кој исто така придонесе за овој извештај, објави дека рекордот е „убедливо“ урнат.

Просечните температури во Европа минатата година беа 1,9 степени Целзиусови над просекот во споредба со периодот 1981-2010 година, што е периодот што се користи како мерка за следење на температурните промени, пишува Си-Ен-Ен.

Овие наоди се претставени во 31 -от извештај на Американското метеоролошко друштво за состојбата на климатските промени, во кој се наведува дека 17 европски земји пријавиле рекордно високи годишни температури, вклучувајќи ги Франција, Шпанија, Швајцарија, Белгија, Норвешка и Шведска.

На Арктикот, просечната температура на воздухот во 2020 година беше рекордна, 2,1 степени над просекот забележана во периодот 1981-2010 година. Антарктикот, исто така, доживеа екстремен топлотен бран, каде што станицата Есперанца забележа 6,3 степени на 6 февруари 2020 година, што е највисоката температура регистрирана на континентот и значително повисока од претходниот рекорд од 17,2 степени, што беше регистриран во 2015 година.

Други делови на светот, исто така, доживеаја рекордно високи температури, вклучувајќи ги Јапонија, Мексико и Сејшелите.

Делови од северозападна Европа беа релативно студени во 2020 година, се вели во извештајот, но Велика Британија, исто така, според Мет Канцеларијата, ја достигна својата трета највисока годишна просечна температура, која беше надмината само во 2014 и 2006 година.

Додека пандемијата „Ковид-19“ ја забави економската активност низ целиот свет и доведе до намалување на емисиите на јаглерод диоксид за 6 до 7 проценти, извештајот откри дека глобалната концентрација на стакленички гасови се зголеми на нов максимум во 2020 година.

– Овој извештај, заедно со сите други докази, покажува дека климатските промени предизвикани од човекот влијаат на сите делови на светот, но не сите региони доживуваат промени со исто темпо, рече Роберт Дан, оперативен метеоролог во канцеларијата на Мет и главен и одговорен уредник кој се занимава со глобалната клима.

Локални избори 2021