четврток, 25. февруари 2021. Вести денес: 87
home Вести

150 милиони вакцини Спутник за Бразил до крајот на 2021 година

150 милиони вакцини Спутник за Бразил до крајот на 2021 година

Бразил ќе добие 150 милиони дози вакцина Спутник V до крајот на годината, откако регулаторното тело одобри употреба на руската вакцина, изјави Рожерио Росо, директор за меѓународни работи на фармацевтската компанија Унијао Квимика, партнер на Рускиот инвестициски фонд.

– Оваа година ќе можеме да му обезбедиме на Бразил 150 милиони дози вакцина Спутник V, кои ќе бидат направени во нашата земја, но исто така и во Русија. Многу земји во Бразил ја претпочитаат руската вакцина поради нејзината ефикасност и безбедност, изјави Росо за агенцијата ТАСС.

Тој додаде дека Здравствениот регулатор ќе ја заврши третата фаза од клиничкото испитување на руската вакцина во Бразил за 45 до 60 дена, но вакцината може да биде одобрена за итна употреба во наредните денови.

Според договорот со Русија, Унијао Квимика ќе може да го извезува Спутник V во другите земји на Латинска Америка.

Коронавирус