понеделник, 19. април 2021. Вести денес: 176
home Вести

11-годишен Австралиец, еден од најмладите некогаш обвинети за убиство, наскоро излегува на слобода

11-годишен Австралиец, еден од најмладите некогаш обвинети за убиство, наскоро излегува на слобода

Едно од најмладите момчиња некогаш обвинети за убиство, во февруари идната година излегува од притвор за малолетници во Перт, пренесува “The Australian”.

Детето пред две години било уапсено поради учество во страшен групен напад на 26-годишниот Патрик Слејтер.

Слејтер умрел по убодите во срцето и белите дробови.


Осуден за убиство од небрежност

Детето имало 11 години и 9 месеци кога со група постари деца и момчиња учествувал во убиството кое се одвивало во раните утрински часови на 27. јануари во австралиски Перт.

На судењето не било откриено кој му го задал смртоносниот убод на Слејтер.

Детето е прогласено за виновно за убиство од небрежност, а на 21. декември оваа година било осудено на четири години притвор. Со оглед на тоа дека детето е во притвор веќе 23 месеци, а по отслужување на половина од казната било утврдено дека може да биде ослободен со надзор, на 5. февруари ќе биде ослободено од затвор и за него ќе се грижи постариот брат.


Тежок семеен живо

Детето поради заштита на податоците за малолетници мора да остане анонимно. Денес има 13 години и 8 месеци.

Според извештајот на судот, детето е запоставено, а родителите му се зависници од дрога. Неговото семејство зависи од социјалната помош и има историја на криминално однесување. Во училиште често одело гладно.

Детето во притвор напредувало со училиштето, а судијата тоа го смета за добар знак за неговиот потенцијал.

Коронавирус