среда, 14. април 2021. Вести денес: 48
home Регион

Жена во Хрватска забарикадирана во стан со бомби, полицијата интервенираше

Жена во Хрватска забарикадирана во стан со бомби, полицијата интервенираше

Во зградата во која живее поранешната хрватска претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ во центарот на Загреб денеска околу пладне една жена се забарикадирала во стан, а на прозорецот пишувало дека внатре има бомби.

Припадници на специјалната полиција, пожарникари и медицински екипи веднаш пристигнале пред станбената зграда.

По пријавата дека едно лице се заканува да активира бомба, антитерористичката единица влегла во зградата. Веднаш по интервенцијата една жена била изнесена од внатре и транспортирана со возило на Брза помош.

Според локалните медиуми, поранешната шефица на државата не се наоѓала во зградата.

Коронавирус