недела, 2. октомври 2022. Вести денес: 0
home Регион

Жена претепана немилосрдно: Сопругот и љубовникот дознале дека ги изневерува двајцата, па ја казниле

Инцидентот се случил откако сопругот открил дека неговата сопруга има љубовник, па одлучил да го повика за заеднички да ја решат оваа работа.
Жена претепана немилосрдно: Сопругот и љубовникот дознале дека ги изневерува двајцата, па ја казниле

Невенчан сопруг и љубовник заеднички нападнале и нанеле физички повреди на жена со иницијали А.Р. (21), а овој необичен случај се случил вчера во Цазин, Босна.

Полициската станица во овој град добила анонимно јавување за вербална расправија во која учествувале споменатите А.Р. нејзиниот невечан сопруг А.Б. (26), како и лицето Ш.П. (23) со кој споменатата жена личност била во љубовна врска.

Инцидентот се случил откако сопругот открил дека неговата сопруга има љубовник, па одлучил да го повика за заеднички да ја решат оваа работа.

Средбата се случила пред зградата во која живее невенчаниот брачен пар, а по вербалната расправија меѓу двајцата мажи тие заеднички почнале да ја тепаат А.Р. задавајќи и повеќе удари во главата.

На лице место по повикот веднаш пристигнала полицијата,  па жената е пренесена во локалната болница каде и се констатирани  телесни повреди. Двајцата мажи се сослушани и осомничени за кривично дело насилничко однесување.

А.Р. со невенчаниот сопруг има две малолетни деца, а со љубовникот била во паралелна врска околу една година.

Коронавирус