среда, 21. октомври 2020. Вести денес: 0
home Регион

Жена го претепала сопругот со метла, па се заканила дека ќе скокне од балкон- Семејна драма во Белград

Жена го претепала сопругот со метла, па се заканила дека ќе скокне од балкон- Семејна драма во Белград

Триесетгодишната Ј.Ѓ. е приведена откако со метла неколку пати го удрила 29-годишниот сопруг Д.Ѓ. во белградската нселба Ѕведара.

Како што пишуваат српските медиуми, откако го претепала сопругот, осомничената ја заклучила влезната врата и се заканувала дека ќе скокне од балкон од првиот спрат со седуммесечното бебе во прегратки ако на врата им дојде полиција.

Полициската патрола од Ѕвездара успеала да ја разреши оваа семејна драма, после што Ј.Ѓ. биле приведена и ѝ било одредено 48 часовно задржување во станица поради кривичното дело насилство во семејството.

Работниците на Центарот за социјална работа го преземале 7-месечното бебе, а сопругот на осомничената со возило на Итна помош бил пренесен во Ургентниот центар.

Како што пишуваат српските медиуми, и претходно имало пријави за насилство во ова семејство, а нарушените семејни односи се мотив за овој случај.

Коронавирус