Четириесетгодишна жена од Загреб во физичка пресметка тешко го повредила сопругот, на кој му била укажана помош во Клиничко-болничкиот центар.
Загребската полиција соопштила дека вчера, сопружниците жестокот се искарале во куќата во која живееле, па потоа жената го повредила мажот.
Повредениот 40-годишник е задржан на лечење, но не е во животна опасност, јавуваат хрватските медиуми.
Насилството во семејството се случило синоќа, после што жената била приведена на сослушување во полиција, која покренала истрага.