петок, 4. декември 2020. Вести денес: 0
home Регион

Земјотресот во Албанија трет по бројот на жртви во светот за 2019- сите три пеколни земјотреси имаат страотна коинциденција со датумите!

Земјотресот во Албанија трет по бројот на жртви во светот за 2019- сите три пеколни земјотреси имаат страотна коинциденција со датумите!

Албанија вчера рано утрото во 4 часот ја погоди силен земјотрес со јачина од 6.4 степени по Рихтер, а тлото не само во Албанија туку на целиот Балкан не мирува веќе втор ден по ред.

Според последните информации 27 луѓе загинаа во земјотресите од 6,4 и 6,5 степени по Рихтер, а голем број на куќи и згради се срамнети со земја. Спасувачките екипи втор ден макотрпно работат на пронаоѓање на преживеани лица под урнатините, а во помошта учествуваат и екипи од против пожарната бригада на Скопје.

Со страотниот земјотрес Албанија годинава се најде на трето место по бројот на жртви од земјотресите, иако во моментот се уште се бројат истите и се стравува дека оваа бројка може да расте.

Освен Албанија првите две места ги делат Индонезија и Пакистан каде имаше повеќе загинати лица во земјотресите кои го тресеа нивното тло оваа година.

Според оваа листа на прво место по бројот на жртви за 2019 година се наоѓа Индонезија каде во земјотресот на 25 септември годинава загинаа 41 лице и истиот бил со јачина од 6,5 степени.

На второ место се наоѓа Пакистан каде во земјотресот на 24 септември оваа година загинаа 40 луѓе и истиот беше со јачина од 5,6 степени.

Земјотресот во Пакистан е опишан како многу јак, а во Албанија како силен.

Според овие бројки постои и чудна коинциденција бидејќи трите земјотреси се случиле во датумите 24,25 и 26 во месецот.

 

Коронавирус