сабота, 28. ноември 2020. Вести денес: 64
home Регион

Земјотресите направија хаос: Во Тирана оштетени околу 500 згради

Земјотресите направија хаос: Во Тирана оштетени околу 500 згради

Во Тирана во серијата земјотреси денеска се оштетени околу 500 згради. Тоа го изјави градоначалникот на Тирана, Ерион Вељај.

Вељај изјави дека во Тирана се отворени сите прифатни центри за сместување на граѓани, кои морале да ги напуштат своите домови.

Според него, во центрите претежно се сместени стари и болни лица, каде им се пружа постојана медицинска помош.

Персоналот во тие центри ќе работи 24 часа, а центрите ќе бидат отворени се додека не се направат стручни проценки оштетувањата на сите објекти.

-Во овој момент, најважно е да се спасат животите на луѓето, а се друго ќе биде надоместено подоцна, рече градоначалникот на Тирана. (МИА)

Коронавирус