понеделник, 19. октомври 2020. Вести денес: 154
home Регион

Земјотреси во Албанија и во Грција

Земјотреси во Албанија и во Грција

Во Албанија утрово е регистриран земјотрес со јчина од 4,3 степени според Рихеривата скала, а земјотрес од 4,1 степен ја погоди Грција.

Епицентарот на земјотресот во Албанија бил на десетина километри североисточно од Лушње, на длабочина од 10 километри.

Следуваа последователни земјотреси со јачина од 3 степени и земјотрес со јачина од 3,2 степени.

Земјотресите во Албанија ги разбудија локалните жители.

„Земјотресот се случи во два бранови еден по друг и неколку помали потреси. Се чинеше како да ми потона креветот“, „Ме исфрли од сон“, „Силен како грмотевица“, коментираат тие.

Епицентарот на земјотресот во Грција бил на 14 километри југозападно од Лефкада, на длабочина од 16 километри, а еден од жителите во епицентралното подрачје го опиша потресот „како да прелетал брз воз“.

Засега нема информации за повредени лица или причинета материјална штета.

Коронавирус