петок, 24. септември 2021. Вести денес: 100
home Регион

Земјотрес со јачина од 4,2 степена по Рихтер крај Закинтос

Земјотрес со јачина од 4,2 степена по Рихтер крај Закинтос

Земјотрес со јачина од 4,2 степени според Рихтеровата скала ги погоди островите Закинтос и Кефалонија во Јонското Море денеска рано попладне, објавија грчките медиуми.

Според Националната опсерваторија во Атина, епицентарот бил на 35 километри југозападно од селото Волимес на Закинтос и на длабочина од 8,7 километри.

Земјотресот е регистриран во 13:40 часот по локално време. Нема информации за повредени или материјални штети.

Коронавирус