четврток, 21. јануари 2021. Вести денес: 174
home Регион

Земјотрес од четири степени по рихтер во соседна Албанија, се тресе цел Балкан

Земјотрес од четири степени по рихтер во соседна Албанија, се тресе цел Балкан

Земјотрес со јачина од четири степени по Рихтер ја погоди Албанија утрово, а послаби потреси беа почувствувани и во соседните земји.

Епицентарот на земјотресот бил на два километри од Химара во Јадранското море и на 118 километри од Елбасан, пренесува порталот Albania Daily News.

Земјотресот се почувствува во Џирокастро неколку секунди, но според албанскиот Топ ченал, тој бил многу силен.

Според првите податоци, земјотресот не предизвика сериозна материјална штета.

Коронавирус