петок, 10. април 2020. Вести денес: 0
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Регион

Земјотрес од 5,3 степени вечерва го потресе регионот

Земјотрес од 5,3 степени вечерва го потресе регионот

Земјотрес со интензитет од 5,3 степени според Рихтеровата скала попладнево го погоди реонот на грчкиот остров Родос, што се наоѓа во југоисточниот дел на Егејското Море.

Атинскиот институт за геодинамика соопшти дека земјотресот се случил на околу 10 километри под морското дно, со епицентар на 60-тина километри јужно од Родос.

Засега нема информации за евентуални жртви и предизвикани материјални штети,

Во истиот регион земјотрес со нешто послаб интензитет беше регистриран и во вторникот.

Коронавирус