вторник, 10. декември 2019. Вести денес: 136
home Регион

Здружението на новинари од Грција го осудува полициското насилство врз претставниците на медиумите

Здружението на новинари од Грција го осудува полициското насилство врз претставниците на медиумите

Здружението на новинари од грчките весници ги осудува случаите со полициското насилство врз новинарите, бара истото да го стори и владата и вели дека во слободна и правна држава, неприфатливо е, претставниците на медиумите да бидат на мета на полицијата.

Осудата доаѓа откако во неделата, по завршувањето на протестот за одбележување на 46 години од студентскиот бунт и падот на хунтата, за време на инцидентите во атинската населба Ексархија, полицијата нападна новинар од информативен портал, јави дописничката на МИА од Атина.

-Нашите колеги, кога известуваат, ја извршуваат нивната должност со водечки критериум, информирање на јавноста, „пред“, а не „зад“ полициските сили. Неприфатливо е, во слободна и правна држава, новинарите да бидат на мета затоа што се обидуваат да го информираат грчкиот народ на начин што ќе обезбеди информации и слобода на изразување, соопштуваат од здружението и воедно бараат осуда и од владата и казна за одговорните.