сабота, 5. декември 2020. Вести денес: 55
Во живо

Протест – „Или Заев или Македонија, оставка сега за да не биде предоцна“

home Регион

Заврши судскиот процес против Мамиќ: Контроверзниот бизнисмен осуден на висока затворска казна, осудителна пресуда и за сите други

Заврши судскиот процес против Мамиќ: Контроверзниот бизнисмен осуден на висока затворска казна, осудителна пресуда и за сите други

Зравко Мамиќ вчера ја напушти Хрватска и пресудата од Жупанскиот суд во Осијек ја чека на Меѓугорје. Изрекувањето на пресудите започна во 12 часот.

Здравко Мамиќ доби единствена казна затвор од 6 години и 6 месеци, братот на Мамиќ, Зоран во затвор ќе треба  да помине 4 години и 11 месеци, Милан Пернар е осуден на казна затвор од 4 години и 2 месеци, а Дамир Врбановиќ во затвор ќе треба да помине 3 години.

Мамиќ ќе мора да ги врати сите незаконски стекнати пари. Му се одземаат два стана. Сопругата Марина Мамиќ во рок од 15 дена од правосилноста на пресудата на државата ќе мора да и ги предаде становите и земјата која Мамиќ ја купил со незаконски стекнатите пари.

Инаку, Мамиќ на прес конференција пред два дена тврдеше дека ова е прогон против него и дека судот нема никакви докази за да го осуди, за што и извади транскрипти од СМС пораки на обвинителот Динко Цвитан и член на судскиот совет.

Коронавирус