петок, 23. јули 2021. Вести денес: 150
home Регион

Заврши распитот на Рамуш Харадинај, се бранел со молчење

Заврши распитот на Рамуш Харадинај, се бранел со молчење

Косовскиот премиер во заминување, Рамуш Харадинај, штотуку го заврши распитот од страна на обвинителите на специјализираните комори во Специјалниот суд во Хаг.

Харадинај рече дека бил поканет како осомничен, посочувајќи дека законскиот совет не му дозволува да даде детали за тоа што конкретно бил прашуван на распитот, пренесува Газета Експрес.

– Ја исполнив законската обврска како осомничен. Добив правен совет да не одговорам за што бев прашуван. Овие се законски процедури не да се крие нешто од јавноста, но бидејќи законот не ми дозволува … – рече Харадинај, додавајќи дека сè уште не ја знае неговата улога зошто бил поканет како осомничен.

Коронавирус