недела, 29. ноември 2020. Вести денес: 80
home Регион

Затворени два премина на албанско-црногорската граница

Затворени два премина на албанско-црногорската граница

Како дел од мерките за спречување на ширењето на коронавирусот, граничните премини на албанско-црногорската граница „Муричан“ и „Вермош“ од синоќа во 21 часот се затворени.

Според Управата на граничната полиција, забраната за влез и излез на овие два премина ќе важи до следната одлука.

– Управата на граничната полиција ги известува сите граѓани кои сакаат да патуваат кон Црна Гора или сакаат од територијата на Црна Гора да влезат во Албанија, дека црногорската страна забранува движење на граѓани и возила на граничните премини кај Муричан и Вермош поради Ковид-19, се наведува во соопштението.

Нормален проток на патници и возила ќе има на „Хан Хоти“, третиот премин на албанско-црногорската граница.

Албанија од денеска ги затвора сите гранични премини и авиосообраќајот со Грција.

– Почнувајќи од 14 март од 10 часот се забранува влез-излез со Грција. Значи се забранува како авионскиот така и патниот сообраќај. Страв најмалку, внимание да, напиша албанскиот премиер Еди Рама на Фејсбук.

Во Албанија досега потврдени се 33 случаи на заразени со новиот коронавирус, од кои 73-годишна жена во Драч почина.

Коронавирус