сабота, 31. јули 2021. Вести денес: 0
home Регион

Затворени аеродроми, заглавени возачи- снежното невреме продолжува да прави проблеми

Затворени аеродроми, заглавени возачи- снежното невреме продолжува да прави проблеми

Поради снегот и ветарот многу аеродроми во Велика Британија се затворени, а во Шкотска во текот на ноќта стотици возачи останале заглавени во автомобилите затоа што комуналните служби не можеле да стигнат до нив.

Поради снегот затворени се аеродромите во Глазгов и во Единбург, но и лондонскиот Хитроу и други аеродроми во Англија.

Авионските летови во Франција исто така се одложени, а училиштата се затворени. Во голем дел од државата е прогласено високо ниво на опасност поради снег, поплави и силни ветрови.

Во регионот на Париз, властите им советуваат на возачите да не возат автомобили поради лошите услови.

Најтешка е ситуацијата во јужниот дел на Франција, каде обилните снежни врнежи предизвикаа хаос во сообраќајот, околу 2.000 возачи останале заглавени на патиштата во текот на ноќта, а завеано е и приморјето.

И аеродромот во Женева денеска е затворен поради многу студеното време, што неделава погоди голем број делови од Европа.

– Поради многу лошите временски услови аеродромот во Женева во моментот е затворен за сообраќај. Поради тоа им, советуваме на патниците да не доаѓаат на аеродром, соопшти аеродромската управа.

Студениот бран во Европа е причина за смртта на најмалку 46 луѓе, од кои поголемиот дел од жртвите се бездомници.

Коронавирус