сабота, 11. јули 2020. Вести денес: 0
МЕГА БОМБА

Еве ја целата листа: Речиси цело семејство Заеви, министри, градоначалници и функционери на СДСМ добија кривични од Боки 13

home Регион

Затворена плажа и барови во близина на Атина поради непочитување на протоколите за работа

Затворена плажа и барови во близина на Атина поради непочитување на протоколите за работа

Поради непочитувањето на здравствените протоколи и мерките, организирана плажа и три барови на плажа во близина на Атина се затворени во последните 15 дена, а изречена им е и парична казна.

Плажата била казнета со 7.000 евра поради поголемиот број посетители од дозволеното.

Според здравствените протоколи, плажите треба да работат со ограничен број лица, а во моментот кога надлежните вршеле контрола, на плажата имало 237 лица, наместо 220 колку што е дозволено согласно со површината и големината на просторот.

Надлежните тврдат дека тие ги почитувале мерките и во дозволениот број на посетители, но на самата плажа постојат делови преку кои може да се влезе и да се избегне централниот влез, па затоа од општината, во чија надлежност е организираната плажа, доставиле приговор за изречената казна.

Дополнително, со 5.000 евра се казнети и три барови на плажа во истата населба, поради тоа што не било запазено потребното растојание меѓу лежалките. (МИА)

Парламентарни избори 2020