вторник, 20. април 2021. Вести денес: 49
Во живо

Протест на угостителите и туристичките агенции

home Регион

Затворен познат грчки скијачки центар поради невреме

Затворен познат грчки скијачки центар поради невреме

Скијачкиот центар Ворас-Каимактсалан во регионот Пела, во северозападниот дел на Грција, е затворен поради снежна бура, изјави шефот на центарот Панос Панагиотопоулос.

Тој истакна дека одлуката за затворање на центарот е донесена од безбедносни причини поради силниот ветер и големите снежни врнежи од вчера вечер до денеска попладне.

Панагиотопоулос нагласи дека утре ќе бидат разгледани информациите и доколку временските услови бидат подобри, центарот повторно ќе биде отворен за посетителите. (МИА)

Коронавирус