четврток, 21. ноември 2019. Вести денес: 65
home Регион

„Зарем детето да дознае дека остана без татко од вестите“- неутешна сопругата на пилотот чиј авион се сруши во Зрењанин

„Зарем детето да дознае дека остана без татко од вестите“- неутешна сопругата на пилотот чиј авион се сруши во Зрењанин

47-годишниот Владимир Булат остана мртов на лице место кога неговиот авион се сруши и се заби во земја кај аеродромот Ечка. Семејството веста ја дознало од медиумите.

Пилотот од Белград, претседател на аеро-клубот Фалконс и еден од најискусните акробатски пилоти во Србија, загина во четвртокот утрината недалеку од аеродромот кај Зрењанин, кога неговиот авион„злин526Ф“ падна на земја набрзо после полетувањето.

Околностите на страшната несреќа и понатаму не се во целост познати, а се претпоставува дека причината за падот на авионот е дефект на моторот.

Недолго после полетувањето на леталото изненадно се срушило на земја. Ударот бил толку силен што авионот навлегол 2 метри под земја и се распаднал. Очевидците велат дека веднаш повикале полиција и Итна помош, која за жал, можела само да констатира смрт на пилото. Набрзо после несреќата била донесена тешка механизација која со часови ископувала остатоци од авионот кој се забил во земја.

На местото на несреќата веднаш дошла и сопругата на Владимир, со која имале малолетен син. Жената била видно потресена и цело време плачела.

Како што пишуваатсрпските медиуми, жената рекла дека нејзиниот син од вестите на мобилниот телефон видел фотографија од својот татко и така дознал дека загинал. Таа низ солзи повторувала: „Зар детето вака да ми дознае дека остана без татко? Не стигнав ниту да се подготвам“, раскажал очевидец.

Инаку „злинЗ-526“ е чешки едномоторен, двоседен, еднокрилен нискокрилец, со метална конструкција, кој се користи за обука на пилоти, но и акробатко летање.