четврток, 3. декември 2020. Вести денес: 74
home Регион

Заразена од коронавирус плаќала сметки во пошта- откако ги платила ги информирала сите дека е заразена со вирусот

Заразена од коронавирус плаќала сметки во пошта- откако ги платила ги информирала сите дека е заразена со вирусот

Жена заразена од коронавирус утрово влегла во пошта во Загреб, а откако ги платила сметките ги информирала присутните дека е заразена и дека треда се да дезинфицираат.

Поштата е затворена и веднаш е повикан епидемиолог.

Шефот на Цивилната заштита на Нов Загреб, Валентин Рајковиќ за ХРТ изјви дека жената требало да биде во самоизолација.

– Утрово таа дошла да ги плати сметките и кога завршила кажала дека е заразена од коронавирус и дека сè треба да се дезинфицира“, рече Рајковиќ.

Тој додаде дека сите кои во тој момент биле во поштата треба да се изолираат и ги замоли заразените да останат дома.

Коронавирус