сабота, 24. октомври 2020. Вести денес: 106
home Регион

Замокот ТИКВЕШ: Тито го обожаваше, Милошевиќ и Туѓман во него ја поделија (ФОТО) Босна

Замокот ТИКВЕШ: Тито го обожаваше, Милошевиќ и Туѓман во него ја поделија (ФОТО)  Босна

Изграден е во духот на романтичарскиот историцизам во втората половина на 19 век. Околу замокот има парк и шеталиште поврзано со ловна вила.

За време на целото богато минато, замокот Тиквеш во Хрватска бил ловечки центар каде што престојувале членови на благородната лоза од родот Тешен на семејството Хабсбург, подоцна членови на династијата Караѓорѓевиќ и многу други. За тоа сведочат бројни фотографии на Изабела фон Хабсбург, сопругата на Фридрих од Хабсбург, која имала имот тука до 1918 година.

После Втората светска војна, замокот бил еден од претседателските резиденции на Јосип Броз Тито, а во него имало многу светски политичари кои дошле да ловат. Денес, комплексот служи за нова цел, како Европски центар за животна средина.

Стариот замок е оддалечен околу двесте метри од новиот, тој е изграден на почетокот на 19 век и е целосно направен од дрво. Откако се реновираше, посетителите можат да се запознаат со природните карактеристики на Копачки рит преку експонатите на животни, птици и риби. Замокот Тиквеш или, како што го нарекуваа многу генерации, Замокот на Тито е комплекс од згради и услужни објекти со помал, т.н. ловен замок и главен замок изграден во 1930-тите за потребите на династијата Караѓорѓевиќ во класицистички стил со знаци на Арт Нову. Фасадата на замокот е класично разиграна со фасадни фугирани тули, додека аглите се малтерисани со имитација на камени блокови. Замокот се состои од подрум, приземје, прв кат и поткровје. Во средината на 20 век, биле изградени уште неколку згради и услужни објекти.

Јосип Броз Тито дојде во замокот и веднаш му стана омилено место. Со денови престојуваше во овој раскошен дом, а беше и домаќин на светски државници, носејќи ги на лов. Хрушков беше еден од госдтите, како и Софија Лорен.

Често тука се случуваа тајни средби со врвот на Југославија, а само ѕидовите на замокот ги знаат тајните. Кога престојуваше Тито во него, во распон од 100 километри имаше распоредено специјални сили.

И додека спомените од тие времиња полека бледнеат, она што многумина сè уште го паметат свежо е средината на април 1991 година, кога Слободан Милошевиќ и Фрањо Туѓман се сретнаа во Тиквеш.

Тоа беше уште една средба на овие двајца на само, а за што конкретно зборуваа овие неприкосновени лидери на Србија и Хрватска, сè уште е обвиткано во тајност. Имајќи ги предвид моменталните настани во тоа време, а особено оние што се случија подоцна, едно е сигурно, а тоа е дека овие разговори, заедно со територијалната поделба, однесоа бројни човечки животи и ги сменија човечките судбини.

Коронавирус