вторник, 26. октомври 2021. Вести денес: 156
home Регион

Захариева во изолација поради коронавирусот

Захариева во изолација поради коронавирусот

Бугарската вицепремиерка и министерка за надворешни работи Екатерина Захариева се самоизолираше откако нејзиниот заменик-министер Петко Дојков имаше позитивен тест на ковид-19, објави бугарската агенција БГНЕС.

Захариева е во добра состојба и продолжува да ги извршува задолженијата, велат од нејзиниот кабинет. Резултатите од нејзиниот ПЦР-тест се очекуваат до крајот на денот.

Дојков ја придружуваше Захариева на средбата со македонската делегација во Берлин во понеделникот. Македонската страна на преговорите под покровителство на Германија ја претставуваа вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров и министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Локални избори 2021