сабота, 8. мај 2021. Вести денес: 7
home Регион

Загина ММА борец: Хрватот дивеел со мотор, па се забил во камен мост- изгорел жив

Загина ММА борец: Хрватот дивеел со мотор, па се забил во камен мост- изгорел жив

Вчера околу 20 часот во сообраќајна незгода во Буданчевица загина Ивица Вранко (31), перспективен ММА борец од Хрватска.

Сведоци велат дека мотористот возел со голема брзина, престигнувал возила на патот пред себе и тоа возејќи на задно тркало. Удрил во камен мост и загинал на самото место. Од силината на ударот моторот се распаднал на делови.

-Само се слушна удар и следно што видов беше пламен. Не го видов ударот, но моторот одлета 150 метри од местото каде што се заби во камениот мост, вели возач кој се нашол во близина.

Инаку, Ивица поради низа повреди последните години не учествуваше во борби.

Коронавирус