четврток, 18. јули 2019. Вести денес: 82
home Регион

Загина млада алпинистка- врз неа паднала голема карпа

Загина млада алпинистка- врз неа паднала голема карпа

Млада Загрепчанка загина на планината Велебит, во Хрватска, кога врз неа паднала голема карпа.

Од големата карпа што се откинала од гребен на планината Велебит, алпинистката загинала на самото место, соопштуваат спасувачите.

Алпинистката се качувала на Велебит со уште една девојка, кога наеднаш се откинала карпа и паднала на неа.

Повикот за помош бил примен во 14 часот, а десетмина спасувачи веднаш се упатиле на местото на несреќата.