четврток, 28. јануари 2021. Вести денес: 65
home Регион

Загина едно лице во потонат чамец во близина на грчкиот остров Родос

Загина едно лице во потонат чамец во близина на грчкиот остров Родос

Во близина на крајбрежјето во северозападниот дел на грчкиот остров Родос, потонал чамец во кој се превезувале околу 14 лица, веројатно мигранти, а еден маж го загуби животот, јави дописничката на МИА од Атина.

Според грчката крајбрежна служба, 13 лица од чамецот успеале сами да стигнат до брегот и се во добра здравствена состојба, додека пак спасувачките екипи го извлекле безживотното тело на еден маж.

Според спасените, во чамецот имало вкупно 14 лица, но патролните бродови од крајбрежната служба продолжуваат со спасувачката акција, во случај да има и други починати или исчезнати од потонатиот чамец. (МИА)

Коронавирус